Пратени писмата кон 22 потенцијални кредитори за финансирање на брзата пруга
Пратени се писмата кон 22 потенцијални кредитори за финансирање на брзата пруга долж Коридорот 10. Државата ќе бара 1,9 милијарди евра за изградба на 200 километри двоколосечна пруга од Табановце до Гевгелија. Договор ќе се склучи со Меѓународната институција или банка која ќе понуди најниска камата, а Британската Експорт банка е гарант дека државата ќе го враќа заемотот.
Од финансии велат дека барање за интерес е пратено до финансиски институции од Европа, САД, Јапонија и Обединетото Кралство, а одговор од нив се очекува до крајот на месецот. Премиерот e оптимист, годинава очекува да се почне со градба.
-Ако се оди по планот оваа година очекувам почеток на изгрдбата на оваа пруга, изјави Христијан Мицкоски, премиер 17,15
Од министерството за транспорт велат дека забрзано се работи на изработка на физибилити студијата и врз основа на понудите кои ќе пристигнат од потенцијалните кредитори, ќе започне и подготовката на проектот. Владата, врз основа на анализата на цените од регионот, пресмета дека најниската цена за километар чини 8,8 милиони евра, додека највисоката 14,4 милиони.
Ако се земе во предвид најниската цена, проценатетата вредност за изградба на пругата би била 1,76 милијарди евра. За изработка на проектна документација и основен проект уште 4% од вредноста, како и најмалку 10 отсто за експропријација и непредвидени трошоци. Со тоа вкупната сума за изградба би изнесувала 2 милијарди евра, од кои 95% или 1,9 милијарди евра ќе се бараат од финансики институции, додека 5% или 100 милиони евра ќе треба да се обезбедат од буџетот.
Покрај пруга, премиерот најавува интензивна градежна офанзива и на автопатиштата во 2 и 3 квартал.. Во моментов се градат 4 автопатски делници во должина од 150 килоемтри и еден експресен пат.
-Инаку првите 4 месеци реализација на автопатиштата, споредбено со минатата година е 4 пати поголема. А очекувам да биде 8 пати поголема во вториот и во третиот квартал. Во фаза на претквалификација е Букојчани-Кичево и тука го задвиживме процесот, додаде Мицкоски.
На 10 јули ќе биде пуштена делницата Врбјани-Охрид, со исклучок кај Ботун, каде треба да се санира свлечиштето, а во целост автопатот Кичево Охрид ќе биде пуштен во употреба крајот на 2026 почетокот на 27 та. Интезнивно се гради и на останатите делници.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар