Нетанјаху: Хамас го почувствува „мечот на вратот“, затоа го прифати мировниот договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека палестинското милитантно движење Хамас „го почувствува мечот на вратот“ поради дејствијата на израелската армија и затоа беше принудено да прифати мировен договор за прекин на огнот во Газа и предавање на заложниците.
Во обраќањето пред израелскиот парламент, Кнесетот, Нетанјаху рече дека кога трупите на израелските одбранбени сили (ИДФ) влегоа во Газа, „Хамас сфати дека се соочува со уништување“, објавува „Тајмс оф Израел“.
-Да ги послушав многумина од оние во оваа просторија и надвор, вас кои ме повикавте да ја сопрам војната, да се предадам, да кренам раце… Да попуштив на овие барања, војната ќе завршеше со убедлива победа за Хамас и целата иранска оска. Вие го знаете тоа, и сите ние го знаеме – рече Нетанјаху, додека пратениците од опозицијата беа исфрлени од просторијата затоа што го прекинаа неговото излагање.
Нетанјаху рече дека доколку запреше војната против Хамас „сите Израелци ќе исчезнеа во нуклеарен чад“, додавајќи дека немаше да прифати „војната да заврши под условите за предавање на кои инсистираше Хамас“.
-Ја зајакнавме одбраната на Израел, ја коригиравме нашата позиција, ги вративме нашите заложници, сите живи, некои од убиените се уште се таму, ќе ги вратиме и нив. Го консолидиравме нашиот статус како суперсила, но кампањата не е завршена – рече Нетанјаху.
Тој рече дека Хамас вчера го прекршил примирјето со напаѓање на војниците на ИДФ во Рафа, и дека Израел одговорил на тој напад со испукување 153 тони експлозив кон десетици цели, вклучувајќи и високи команданти на Хамас.
-Прекинот на огнот не е дозвола Хамас да ни се заканува. Постои и ќе има многу висока цена за агресија против нас – рече Нетанјаху.
Тој додаде дека на крајот од втората фаза од прекинот на огнот, „армијата и владата на Хамас ќе бидат елиминирани“.
Нетанјаху нагласи дека Израел им подава рака на оние кои сакаат да живеат во мир.
-Мирот се склучува со силните, а не со слабите. Дури и денес, секој знае дека Израел е многу силна земја. Земја која е посилна од кога било – заклучи Нетанјаху.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
