Нетанјаху: Масакрот врз Ерменците во 1915-1917 е геноцид
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по првпат експлицитно изјави дека го признава масакрот врз Ерменците во Османската Империја за време на Првата световна војна како геноцид, објавија израелските медиуми.
Изјавата беше дадена за време на поткаст со новинарот Патрик Бет-Давид, пренесе „Џерузалем пост“.
На прашањето зошто Израел се двоуми да го признае масакрот врз Ерменците, Асирците и Грците од 1915-1917 година како геноцид, Нетанјаху посочи дека неодамна Кнесетот усвоил резолуција со која овие настани се признаваат како геноцид.
На инсистирањето на новинарот за неговото лично признавање, Нетанјаху одговори: Штотуку го сторив тоа.
Бет-Давид, кој е етнички Ерменец и Асирец, истакна дека ова прашање е особено важно за него и дека многу Ерменци, Асирци и Грци очекуваат признавање на геноцидот од светските лидери.
Израелските пратеници во повеќе наврати, вклучително во 2018 и 2021 година, поднесуваа предлози за официјално признавање на Ерменскиот геноцид во Кнесетот, но тие беа отфрлани. Турција, како правен наследник на Османската Империја, категорично се противи на класификацијата на овие настани како геноцид.
МИА
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот