Нетанјаху: Признавањето палестинска држава е срамно предавање пред тероризмот
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди синоќа признавањето на палестинска држава од страна на неколку западни лидери, нарекувајќи го „срамно предавање пред тероризмот“.
„Признавањето на палестинска држава од страна на некои лидери нема да го обврзе Израел на никаков начин. Палестинска држава нема да биде создадена“, се наведува во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер на платформата X.
Нетанјаху во Њујорк ќе се сретне со бројни светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп.
„Тајмс оф Израел“ објави дека стотици демонстранти се собраа на аеродромот „Бен Гурион“ за да протестираат против Нетанјаху пред неговиот лет за Њујорк за Генералното собрание на Обединетите нации. Тие побараа договор за враќање на заложниците дома, мавтајќи со израелски знамиња и жолти транспаренти.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП