„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“

„Нетфликс“ се повлекува од натпреварот за купување на „Ворнер брос дискавери“, соопштувајќи дека нема да ја зголеми својата понуда откако целната компанија ја оцени подобрената понуда од холивудскиот гигант „Парамаунт“ како – „надмоќна“, т.е. највисоко прифатлива.
Стрим-платформата соопшти дека ревидираната понуда од „Парамаунт“ ја прави трансакцијата „повеќе непривлечна од финансиско гледиште“. Претходно, „Ворнер брос“, и покрај „надмоќната“ понуда на „Парамаунт“, соопшти дека препораката на акционерите кои го поддржуваат предлогот на „Нетфликс“, сѐ уште важи – според соопштение објавено по затворањето на американската берза. Гласањето на акционерите е закажано за 20 март, па официјално, постојниот договор за спојување со „Нетфликс“ останува во сила.
Инаку, „Нетфликс“ понуди околу 83 милијарди долари за филмските студија и стрим-операциите на „Ворнер“. Извршните директори на „Нетфликс“, Тед Сарандос и Грег Питерс нагласија дека таа спогодба ќе донесе вредност за акционерите и ќе понуди јасен пат до регулаторно одобрување.
„Сепак, секогаш сме биле дисциплинирани и по цената што е потребна за да се изедначи со најновата понуда на ‘Парамаунт скајденс’, договорот веќе не е финансиски привлечен… Уверени сме дека можевме да ги управуваме култните брендови на ‘Ворнер’ и да ја зајакнаме американската забавна индустрија, зачувувајќи ги и создавајќи нови работни места во продукцијата. Но, оваа трансакција отсекогаш била ‘убаво да се има’ по вистинската цена, а не ‘задолжителна’ по која било цена“, сметаат тие.
„Нетфликс“ и „Ворнер брос“ постигнаа обврзувачки договор на почетокот на декември што ги опфаќа студиските и стрим-бизнисите. Неколку дена подоцна, „Парамаунт“ директно им се обрати на акционерите со понуда од 108,4 милијарди долари за целата група „Ворнер брос дискавери“, вклучувајќи ги и нејзините телевизиски мрежи како што е „Си-ен-ен“.
МИА
Ново на Сител
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
