Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија

Зимското невреме предизвика сериозни штети на италијанскиот брег и на медитеранските острови, а властите денеска проценија дека само на Сицилија штетите изнесуваат 740 милиони евра.
Високи бранови, силни удари на ветер и обилен дожд предизвикаа штети и на Сардинија, додека на копнениот дел од земјата најтешко е погоден регионот Калабрија на југот.
Невремето „Хари“, кое изминатите денови го зафати регионот, целосно ги поплави плажите на Сицилија, додека патиштата во крајбрежните области беа под вода. Силниот ветер кршеше излози на ресторани и објекти. На железничката линија меѓу Месина и Катанија, дел од пругата остана да виси во воздух откако надојдената вода го однесе земјиштето под неа. Регистрирани се бранови со висина до 16 метри.
Претседателот на регионот Сицилија, Ренато Шифани, најави итна помош од над 140 милиони евра. Властите на Сардинија, исто така, соопштија за штети од неколку стотици милиони евра. Погодени се и помалите острови како Липари и Стромболи.
Невремето „Хари“ предизвика штети и во други медитерански земји, вклучително и Малта, додека во Грција животот го загубија најмалку две лица.
МИА
Ново на Сител
-

СВР Скопје станува Оддел за внатрешни работи, поголеми ингеренции и повисоки плати за скопската полиција
-

Превозниците во паника – не депортираат од Унијата како криминалци
-

Од денеска извод за родени, (не)венчани и умрени можете да си извадите електронски
-

Трамп го формираше Одборот за мир, со нејасни цели и контроверзен состав
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
