Николоски, Ѓорѓиевски и Ивановски на увид во реализацијата на проектот „Градски воз“

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, денеска ќе извршат увид во реализација на проектот „Градски воз“.
Очекувањата се дека со овој железнички превоз значително ќе се растовари сообраќајот во Скопје и драстично ќе се намали користењето на патничките моторни возила, бидејќи возот ќе биде брз, удобен и достапен за граѓаните од околните и приградските општини.
Првата делница на Градскиот воз ќе биде од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром до центарот на Скопје на главната железничка станица. Втората делница е од Миладиновци Илинден до Маџари, до главната централна железничка станица, а третата делница е од таа централна железничка станица преку Скопје Север, Ѓорче до Волково.
Првата фаза на градски воз од Зелениково до Центар е во должина од 24,5 километри и чини 5,7 милиони евра. Втората делница од Драчево до Илинден која е во должина од 7,7 километри и чини 3 милиони евра.
МИА
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
