Николоски: Најдобар начин да обесхрабриме бесправно градење е некој да заврши во затвор

Речиси воопшто нема реакции од судството и обвинителството во однос на дивоградбите. Јас до денес не сум слушнал дека некое лице или компанија е правосилно осудена за бесправно градање, а знам многу добро дека МВР ревносно постапува секогаш кога општините ќе пријават ваков случај, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Одговорајќи на пратеничко прашање, Николоски рече дека МВР излегува на терен, евидентира и поднесува соодветна кривична пријава до Јавното обвинителство, но пријавата потоа Обвинителството или не ја процесира или ја процесира до суд, но не завршува со судска пресуда.
- Најдобар начин да обесхрабриме бесправно да се гради е некој да заврши таму каде што му е местото, а тоа е во затвор зашто се работи за тешко кривично дело. За Маврово не знам ниту еден осуден досега кој бесправно градел, за Охрид не знам ниту еден осуден досега кој бесправно градел, за Скопје не знам ниту еден осуден досега кој бесправно градел, ниту еден, нула. Тоа знали дека се дава моти на тие што бесправно градат, така да продолжат. Што дека општината ќе евидентира бесправна градба и теоретски ќе ја сруши, кога тој некој ќе изгради повторно. Треба да има судска пресуда, треба некој да заврши во затвор, како ум и поука за сите други да не го прават тоа, порача Николоски.
Тој уште еднаш повтори дека Министерството за транспорт нема никаква надлежност во однос на дивоградбите и дека тие се под ингеренции на општините. Од она што е на некој начин во надлежност на Владата, вкупно три случаи се правосилно завршени и треба да бидат отстранети: две во заштитено подрачје и една на спортски аеродром.
МИА
Ново на Сител
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
