Николоски: Нови авиолинии од македонските аеродроми, годината ќе ја завршиме со двоцифрен раст на бројот на патници
Македонските аеродроми добија 16 нови дестинации во изминатата година, а наскоро се очекува објава на уште повеќе авиолинии, најави потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
-Најавувам дека во следниот период ќе се објават нови авиодестинации од македонските аеродроми. Сè уште ги преговараме, но многу брзо ќе ги објавиме, рече Николоски во гостување на Канал 5 телевизија, додавајќи дека за само една година е целосно променет начинот на функционирање на аеродромите.
Бројот на патници, како што информираше, бележи раст – скопскиот аеродром пораснал за 5 проценти во првото шестмесечје, додека охридскиот за 13 проценти.
Министерот Николоски очекува дека до крајот на годината, растот ќе биде двоцифрен на двата аеродроми, што, како што рече, би претставувало апсолутен рекорд во регионот.
МИА
Ново на Сител
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата