Николоски: Се повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид, ги срушивме сите рекорди како резултат на паметните политики

Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
- Oна што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период. Секако, една од основните причини за тоа е изградбата на нова терминална зграда, на помошните простории. Практично, еден нов аеродром добивме, кој што со својата функционалност, но и со својата убавина, привлекува патници, привлекува туристи и очекувам во следниот период да се зголемува и бројот на летови. Во однос на скопскиот, исто така, рушиме рекорди. Очекувам само скопскиот аеродром да помине 3, 6 милиони патници и ако имаме малку среќа, очекувам до крајот на годината да можеме да имаме една убава церемонија за 4 милиони патници на двата аеродроми, што споредено со 2,4 милиони патници во 2024 година е еден огромен скок-истакна вицепремиерот Николоски.
Тој најави нови чартер летови со туристи со два авиони дневно кои би слетувале на охридскиот аеродром.
- Она што е мое очекување, сè уште не сме потврдени, но мислам дека сме блиску, е големи чартер тури, кои што почнуваат да се прават во државата, кои што би значеле најмалку два авиони дневно со туристи, надвор од сезоната, во период од октомври до мај, да го потврдиме во следниот период и тоа да е додадена вредност на охридскиот аеродром - истакна Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Спасе Јанев, директор на Здравствен дом „Железничар“
-

Насилникот нема да смее да се врати дома 48 часа – ако ја прекрши забраната, следува кривична пријава
-

Потребно е поголемо охрабрување на жените од руралните средини да го пријавуваат насилството
-

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември
-

Охрабрувачки бројки за премиерот, разочарувачки за опозицијата
-

Политичките партии бараат одговорност за Алта банка
-

На Светскиот ден на дијабетесот пациентите бараат сензори за сите лица со Тип 1 и превенција од компликации
-

Поради ниската откупна цена на пченицата драстично намалување на површините за есенската сеидба
