Македонија
1. јуни 2026 - 16:33

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот

Падот на УКИМ е последица на лошите законски измени од минатото а враќање во реноминираното друштво и шангајската листа ќе се бара преку нови, строги и мерливи критериуми за професорите.

Ова е ставот на министерката за образование, која најави целосна интернационализација на високото образование преку трите нови закони, со цел домашните универзитети конечно да ги надминат позициите под 2000то место.

Според неа, академската заедница мора да биде во тек со светските научни трендови, бидејќи Македонија веќе ја губи трката со соседите.