ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените

Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост меѓу жените и мажите, изјави вчера функционер на Обединетите нации во пресрет на Меѓународниот ден на жената.
Директорката на Одделот за политика на жените на ОН, Сара Хендрикс, им изјави на новинарите во Њујорк дека напредокот постигнат во области како што се заштитата од насилство, еднаквоста во семејното право и заштитата од дискриминација е под закана во многу земји.
- Повеќе од половина од земјите во светот не го дефинираат силувањето врз осноба на согласност, рече таа.
Во 74 отсто од земјите, детските бракови се сè уште легални, додека 44 отсто од земјите немаат закон што бара еднаква плата за работа со еднаква вредност.
Само во последните две години, процентот на жени и девојки меѓу жртвите на сексуално насилство поврзано со конфликти се зголеми на 87 отсто, рече Хендрикс.
„Пречесто преовладува неказнивоста“, рече таа, додавајќи дека многу жени и девојки се плашат од последиците од пријавувањето на вакви злосторства.
МИА
Ново на Сител
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
