Македонија
5. January 2018 - 17:04

Струмичката полиција фати манијак кој напаѓал жени и девојки во ноќта

Струмичката полиција фати уште едно лице кое напаѓало жени и девојки во доцните вечерни часови. Ова е трет случај на сексуално вознемирување во Струмица за период од два месеци.Во последниот случај  се работи за 25 годишно лице од едно струмичките села кое се сомничи дека за период од пет дена сторил пет кривични дела силување. Пријавениот нападите ги вршел во доцните вечерни часови на неколку различни улици низ градот. Тој ги наѓал жртвите,  но откако му пружале отпор бегал од местото. Полицијата го фатила пред три дена откако бил забележан како бега  по извршеното кривично дело.

- Пријавениот во периодот од 29 декември 2017 година до 2 јануари 1018 година на подрачјето на Струмица поточно на улиците Васил Сурчев“, на бул. „Маршал Тито“,„Младинска“, ул. „Невена Стојкова“ и ул. „Народна Револуција“ во временскиот период од  01.45 часот до 05.00 часот  извршил кривични дела предвидени во член  186 став 4 од кривичниот законик Република Македонија. ,, рече Хризантема Рендевска портпарол на СВР СTрумица

По целосното  документирање на настанот, тој со кривична пријава е предаден во Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија на претходна постапка му била одредена мерка на претпазливост. Претходно полицијата реализираше уште два слични случаи. Пред околу два месеци беше фатен 21 годишен радовишанец кој неколку месеци напаѓал и секуално вознемирувал жени и девојки, а кон средината на декември  кривична и триесетдневен притвор доби и 35 годишен струмичанец кој во неколку наврати нападнал повеќе жени со намера да ги присили на сексуален однос.