Македонија
24. January 2018 - 17:38

Семејството Доневи од подбеласичкото село Дражево едвај преживува со социјална помош од 2.000 денари

Во куќа која буквално се руши и распаѓа, без никакви основни услови за живот,  вака живее четиричленото семејство Доневи од подбеласичкото село Дражево. Со болни деца и сопруга,  64 годишниот Стоил вели дека е оставен на милост и немилост. Само со социјална помош од 2000 денари и без никакви други примања, со голем број долгови  во крајно нехумани услови, најчесто без огрев,  на кревети кои се распаѓаат и повеќе гладни отколку сити семејството го поминува скоро секој ден. И покрај лошата здравствена состојба Стоил и неговите две ќерки се борат со немаштијата и се трудат да обезбедат за парче леб преку собирање пластка и старо железо низ Струмица од кои заработуваат едвај по стотина денари дневно.

Од хуманитарното здржение Љубезност чии волонтери и ја покренаа иницијативата за помош на семејството Доневи велат дека поради лошата финансиска состојба една од ќерките на Стоил нема никакви лични документи, а другата неможе да отиде на неопходната операција.

Семејството Доневи кое буквално има потреба од се,  се надева на помош од хуманите луѓе. Најнеопходна е храна, но исто така им недостасува здрава покуќнина, кревети и постелнина, но и финансиски средства за подмирување на долговите. Ке бидат крајно благодарни доколку се соберат доволно донации со кои би можело  да се реновира барем една од просториите за да може и тие да имаат минимални услови за живот.