Македонија
1. February 2018 - 17:14

3 лица повредени во верижен судир на камион и 5 автомобили

Три лица се повредени  во верижен  судир што се случи синоќа на патот Струмица Радовиш. Во несреќата учествувале пет возила од кои  четири автмобили и еден камион. Од вкупно 12-  те лица кои  во моментот на судирот  се наоѓале во возилата три се повредени. Две од нив се пренесени  во струмичката , а едно во штипската болница.

Од болницата во Струмица информираа дека синоќа кај нив биле донесени двајца патници. Едниот бил  со телесни повреди но е надвор од животна опасност. Тој  е задржан во болницата на понатамошно испитување и следење на неговата здравствена состојба,  додека другиот пациент по укжната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.  Третиот повреден е 21 годшно женско лице  од Богданци, таа веднаш по несреќата била пренесена во штипската болница каде е задржана и се следи нејзината состојба.

Инаку како што соопшти МВР сообраќајната несреќа се случила синоќа 10 минути пред деветнаесет часот на магистралниот пат Струмица Радовиш. Во неа учествувале автомобил марка БМВ со скопски регистарски ознаки, струмичко товарно моторно возило Ивеко,  Форд Фокус и Фиат пунто со гевгелиски регистарски ознаки и Пежо од Струмица. Веднаш по несреќата на местото на настанот бил извршен увид , но засега  нема информации како дошло до истата, причините ќе бидат  познати по целосното расчистување на случајот.