Македонија
10. February 2018 - 16:33

Финални подготовки за Струмичкиот карневал

Карневалските подготовки во Струмица влегуваат во завршна фаза. На неколку дена  пред почетокот на најголемата забава под маски во државата се работи со полна пареа. Гаражите, подрумите па и домовите на карневалџиите се претворени во работилници.  Се работи по цели денови. За една карневалска маска се  работи и на неколку локации. Учесниците се поделени по тимови и точно се знае кој каква задача има. Додека на една страна се шијат костимите, на друга се подготвуваат возилата, а на трета се изработуваат и најситните детали и тоа рачно.

,, Веќе сме во завршна фаза. Грубите работи на возилото се завршени. Почнавме малку порано оваа година затоа што идејата бараше повеќе време за реализација.  На возилото, тука претежно машкиот дел од екипата се занимаваме со овие проблеми, а секако дека другиот дел од екипата, женскиот дел повеќе внимание обраќа на оделата.,, вели Стојан Ефтимов – карневалско здружение Ѕвезден град

Учесниците на струмичкиот карневал велат  да се биде под маска е чувство кое трба да се доживее. За нив секој нов карневал е нов предизвик во кој велгуваат со истата еуфорија и ентузијазам, но и желба да бидат подобри од претходната година и затоа се трудат во маските покрај оригиналната идеја да вметнат и нови техники  и технологии.

,, Оваа година смата идеја не натера да размислуваме на некои нови техники на работа и употребувавме некои материјали кои што се нови и за нас.,, вели Ефтимов

Карневалските денови во Струмица оваа година започнуваат на 14 и ќе траат до  21 февруари. Планирани се голем број настани и манифестации, а главната карневалска вечер кога ќе бидат  презентирани и  новите креации ќе се случи во сабота. Покрај домашните, годинава ќе учествуваат и дваесетина карневалски групи од странство со над 500 учесници.