Трка на келнери во Струмица
Наместо нивните работни места, плоштадот Гоце Делчев синоќа беше местото на кое келнерите од Струмица и регионот ги одмерија силите и ги покажаа вештините во нивната професија. За дневница од 12 000 денари се натпреваруваа 20 келнери од Струмица, Гевгелија и Радовиш меѓу кои рамноправно застанаа и две девојки. Најбрз и највешт меѓу сите нив беше Дени Перов од Струмица на кого оваа му е втора победа по ред.
,, Се натпреварувам пет шест години по ред. Ова ми е втора година по ред прво место. Верувам во себе и затоа сум прв. Најбитно е да си најбрз и најстабилен, другото е среќа. Убаво е да се работи за дневница од 12 000 денари, прекрасно, да има секој ден би работеле.,, вели ДЕНИ ПЕРОВ – ПОБЕДНИК НА ТРКАТА НА КЕЛНЕРИ ВО СТРУМИЦА
Трката на келнери во Струмица се одржува девет години по ред од кои седум како дел од официјалната програма на Струмица Опен фестивалот. Овој настан е во рамки на оф програмата и прв од вкупно дваесетте кои ќе се реализираат во наредните месец и половина.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
