Струмичани сакат да читаат книги, но не и да ги враќаат во библиотеките
Струмичани читаат книги. Голем дел од нив саканата литература ја позајмуваат од библиотека, но многумина немаат навика да ги враќаат назад. Во евиденцијата на струмичката библиотека постојат читатели кои позајмиле книги и пред дваесет години, но никогаш не ги вратиле на полиците од каде биле земени. Засега точниот број на позајмени а невратнеи книги не е познат, тоа ќе ке биде утврдено откако ќе заврши ревизијата која е во тек, но проценките се дека се работи за околу 50 000 книги.
,, Има луѓе што имаат по 20 години невратени книги. Да не ја кажувам претпоставката, голем е бројот и што правиме, се јавуваме по телефони, пишуваме мејлови на сите тие што имаат мејлови, на телефонските броеви се јавуваме, имаме недостапност така да сега почнавме и по пошта да праќаме покани, известувања за невратените книги.,, вели Тања Гошева, директор на локалната библиотека Благој Мучето.
Казната за невратена книга изнесува пет денари на ден, што значи доколку се примени оваа мерка некој кој не вратил книга една година ќе траба да плати окоолу 1800 денари или десетпати повеќе ако тоа не го направил една деценија.
- ,, Рачунајте, ако некој десет години не вратил книга колку пари треба да плати. Значи ние не сме банка, нема тоа да го побараме, ќе побараме само книгата да биде достапна во библиотеката.,, вели Гошева.
Во моментов струмичката библиотека има книжен фонд од преку 150 000 книги и над 3000 активни читатели. Најбарана е класиката, посебно од страна на повозрасната публика, но се бараат и новите и актуелни наслови.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
