Македонија
25. August 2018 - 16:26

Голем број македонски државјани „си направија“ продолжен викенд

Голем дел од граѓаните направија спојување на претстојниот неработен вторник и заминаа на продолжен викенд. Плажите во соседна Грција и овој пат  се главниот избор на голем број македонски државјани. Зголемување на фрекфенцијата има на сите гранични премини, а вообичаено најголемиот број на патници се регистрирани на граничниот премин Богородица - Евзони.

На овој премин само до пладне поминале  16 000 патници од кои 8000 биле македонски државјани што е зголемување за околу 50 проценти во однос на работните денови. И покрај зголемената фрекфенција која посебно беше изразена во претпладневните часови некои поголеми задржувања немаше, а маскималното време за минување на границата на македонска страна беше околу 15 минути.

Благо зголемување во текот на денешниот ден е регистрирано и на граничниот премин Дојран. Тука само денеска  се регистрирани нешто повеќе од 1000 преминувања пред се од македонски и српски државјани.

Нов бран на патници и зголемена фрекфенција се очекува во понеделник попладне и во вторник, но овј пат во обратна насока и ќе биде на влез во нашата држава кога и ќе започне враќањето на македонските државјани.