Македонските археолози имаат европско знаење, но немаат нови технологии
Знаење и искуство има, недостасува технологија. Македонските археолози не заостануваат во однос на нивните колеги од западните земји кога е во прашање знаењето и велат може рамноправно да се носат со нив, разликата е во примената на новите технолошки достигнувања. Археолозите од европските земји следејќи ги новите трендови применуваат и современа технологија која нивните македонки колеги ја немаат бидејќи нема доволно средства да се набави.
,, Искуствата и знаењата се тука, недостасува технологијата кај нас. Значи начинот на размислување, начинот на обработка на материјалот , како тоа се прима, немаме некоја голема разлика меѓу нив. Сето останато е работа на техника, на повеќе средства, на посовремена технологија, методологија на истражување .
Националниот координатор за култура при владата на Република Македонија Роберт Алаѓозовски вели дека пари има, но тие во минатото се трошеле на несуштински и неприоритетни проекти. Најави дека таквата состојба во иднина ќе се смени како со новата стратегија и со измените на законот за заштита на културното наследство така и со целосната поддршка која археолозите ја добиваат од надлежните за унапредување на нивната дејност.
,, Ние сме расположени да ја унапредиме дејноста и финансиски да ја подобриме и ми се чини дека со целиот сектор, со целата фела имаме добра соработка и таа и понатаму сакаме да ја унапредуваме. Во таа смисла ако нив им треба нов технолошки парк, ако им требаат подобри средства за работа ние тоа ќе го овозможиме.
Македонските археолози заедно со нивни колеги од девет земји деновиве се дел од петтиот по ред научен симпозиум по археологија кој се одржува во Струмица. Симпозиумот е во организација на струмичкиот завод и музеј, а годинава темата е култ, мит, религија.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
