Магацините на „Македонски шуми“ во Струмица наместо со дрва полни со запленети возила
Наместо со огревно дрво складот на шумското претпријатие во Струмица е преполнет со возила запленети од дрвокрадците. Стари и во најголем дел хаварисани патнички автомобили, трактори, комбиња и брдо од запрежни коли веќе обраснати со трева, ваква е сликата во складот .Само на овој простор има над 1000 возила од кои некои не се подигнати со години. Од подружницата на Македонски шуми велат дека станува збор за сериозен проблем кој го имаат долго време, но не можат да го решат бидејќи за конфискуваните возила била надлежна агенцијата за запленет имот. Реагирале повеќе пати, но без успех.
,, Десет години не се подигнати од нашиот плац и покрај тоа што постои агенција за одземени предмети.Во изминатите години сигурно имаме по две три писмени известувања до нив и барање за да може да ги отстранат тие предмети затоа што претставуваат и најголемо еколошко загадување во градот. Значи нашата фирма ние не можеме да си ја препознаеме оти е шумско стопанство, туку е отпад за железо.,, вели НИКОЛА РИСТОВ – ШЕФ ЗА ЗАШТИТА НА ШУМИ – ПШС БЕЛАСИЦА СТРУМИЦА
Од агенцијата велат дека се работи за голем проблем и тоа во цела држава наследен од претходната власт кој не бил решаван со години. Додваат дека состојбата била скоро идентична во сите градови поради што се соочувале со сериозни проблеми.
,, Сето тоа е резултат на неработењето на претходната власт. Зошто, затоа што бројката на возилата го кажува тоа. Ние на нашите плацеви имаме повеќе од 3500 возила. Шумска полиција на своите плацеви некаде има околу 2500 возила, а да не зборувам за МВР за полициските станици по цела Македонија се преполни со возила. Ние работиме на тоа, веќе почнавме да работиме,, вели ФАТОН АСАНИ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ
Директорот на агенцијата информираше дека во изминатата година повеќе од 230 возила веќе биле доделени на државни институции, а минатата недела бил објавен тендер преку кој околу 120 возила ќе бидат дадени како старо железо. Тој најави најави дека продолжуваат и во иднина да работат на изнаоѓање решенија, но ќе требало време бидејќи се работело за проблем кој не бил решаван повеќе од десет години.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
