Македонија
7. December 2018 - 16:40

Во Струмица контроли и казни за загадувачите

Мерните станици во Струмица неколку дена по ред покажуваат зголемена  концентрација на пм честичките во амбиенталниот воздух. Ваквата состојба е посебно изразена во доцните попладневни и вечерни часови кога активно започнува загревањето на домовите.   Ова беше причина општината пред неколку дена да излезе и со препораки со цел да го намали загадувањето. Дел од  нив  се апелот за користење јавен превоз со мотори на плин, помало користење на приватните возила, а МВР да спроведе контрола на сообраќајниот режим за тешки товарни возила.  Дел од граѓаните велат дека ја чувствуваат загаденоста која им предизвикува и одредени здравствени проблеми, но има и такви кои немаат проблем и сметаат дека струмичани дишат чист воздух.

Во меѓувреме активи на терен се и сите надлежни инспекциски служби кои за несовесните граѓани и компании излекле 36 прекршочни санкции.

- Таму каде што се констатирани непочитувања на важечките законски прописи се изречени и прекршочни санкции. До сега се изречени вкупно 36 прекршочни санкции за физички и правни лица.

Пред две недели советот на општина Струмица донесе и акциски план за надминување на проблемот со загаденост кој содржи голем број краткорочни и долгорочни мерки. Меѓу нив се субвенциите за приклучок на гасификацијата како и намлените комунални давачки од 8,5% за инвеститорите кои ќе имаат зелени кровови и фасади.