И дел од медицинарите пружаат отпор за вакцинација, надлежните најавуваат казни
Откако пред 10 дена Комисијата за заразни болести донесе мерка сите здравствени работници да бидат заштитени од морбили со две дози, според податоците од ИЈЗ во овој период само 60-тина лица примиле МРП. Министерството за здравство минатата недела испратило допис до сите Јавни здравствени установи да го провераат вакциналниот статус на вработените и да организираат имунизација.
Според неофицијални информации неколку вработени во Здравствени домови биле против вакцинирањето. Досега во ДСЗИ немаат официјална потврда за вакви случаи, но категорични се доколку утврдат ќе постапеле согласно законот исто како и за родителите кои одбиваат да ги вакцинираат децата. Ке следувале прекршочни пријави и парични казни од 300 до 600 евра.
-Наредбата за имунизација е издадена од министерот за здравство и по добивањето на евентуални информации за одбивање на имунизација, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе постапува во рамките на своите законски овластувања, се вели во одговорот од МЗ.
Дали ќе има и други санкции за здравствените работници ако одбијат вакцинирање министестерството дополнително ќе одлучело.
-Од почетокот на епидемијата со МРП биле вакцинирани околу 400-тини здравствени работници, лекари, студенти, сестри, специјализанти, изјави д-р Владимир Микиќ, епидемиолог во ИЈЗ.
Од друга страна епидемиолозите сметаат дека голем дел од околу 30.000 медицински лица во земјава веќе прележале морбили. Доколку немаат потврда ќе им биде направен тест дали имаат антитела. МРП вакцината во државата е воведела во 1972 година, а ревакцинацијата 15 години подоцна.
Од почетокот на епидемијата со мали сипаници заразени се 130 вработени во болниците и Клиниките.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
