Македонија
6. May 2019 - 17:43

Ромите во Прилеп го слават Ѓурѓовден со пикник

Традиционално низ цела Македонија, денска Ромите го прославуваата празникот Ѓурѓовден или уште тие го нарекуваат и Едерлез. Денешниот ден според ромската традиција е празник на обновување на природата и заминување на зимата. Токму затоа тој се одбележувал со пикник и скара. Така беше и оваа година во ромската населба Тризла во Прилеп, стотици Роми правеа скара, се дружеа и забавуваа.

„Ова е ромски празник, ние се спасивме од зимата и затоа се вика ламја, едерлез значи ламја. Пред Ѓурѓовден децата одат собираат гранчиња и носат во своиите куќии, а таткото и мајката приготвуваат за другиот ден храна или ако имаат јагне“, вели Рамиз Ахмедоски, жител на населба Тризла.

Велат дека одбележување на Ѓурѓовден на ваков начин е традиција содецении во Прилеп, која тие ја почитуваат.

„Вака се собираме на ова место, јадиме скара, кој како има, ако немаш ќе прошеташ тука малку и ќе си одиш“, рече Исмаил Јашароски, жител на населба Тризла.

„Да биди мира, да имаме слога сите, да биде се во ред во нашата држава и ние да видиме еднаш убаво“, истакна Самир Бајтулоски, жител на населба Тризла.

Некои од Ромите кои живеат во странство специјално се враќаат за овој ден во Прилеп.

„Јас сум екстра дојден од Германија. Секоја година се враќам тука за овој ден“, нагласи Јашар Ајвазоски, гостин од Германија.

Забавата секако е најголема за најмладите кои јаваат коњи, се забавуваат на вртелешките или играата игри.

Според традицијата Ѓурѓовден или Едерлез се празнува неколку дена со музика, игра и приготвување на јадења особено од од јагнешко месо.