Македонија
28. јуни 2019 - 19:42

Приведени 11 лица, меѓу кои и Миле Јанакиески за злоупотреба на службена положба

Уапсени поранешни и актуелни функионери на ВМРО ДПМНЕ. Во акцијата спроведена утрово Обвинителството за организиран криминал и МВР на повеќе локации во Скопје приведе десет лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, Димитар Димовски член на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски – Претседател на Општиснкиот комитет во Аеродром. Од слобода се лишени и нотари, државни службеници во транспорт и катастар како и сопственик на приватна фирма. 

Како што информираше Обвинителството вкупно 11 лица се товарат за злоупотреба на службената положба, односно нелегална продажба на државно земјиште со што го оштетиле буџетот за 2,5 милиони евра. Станува збор за две парцели за хотелски комплекс покрај Вардар од другата страна на градскиот парк во Скопје како и за парцели за хотел цо Центар и локација на која требаше да се градат така наречените Шпански скалила на Плоштадот Македонија.

Од ВМРО ДПМНЕ обвинија дека Власта се одмаздува. Со денешниот случај како што најавил Заев била отворена 751-та истрага против членови на нивната партија.

-Утрово 6 обични службенички и двајца високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се уапсени на спектакуларен начин заради  различно толкување на административните  постапки кои што оставам соодветните органи да ги толкуваат вака или онака. Очигледно целта на Заев и на власта е да се угуши секоја критика. Но, тоа нема да им успее, изјави Александар Николовски, потпретседател ан ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ одговорија дека законите важат за сите подеднакво.

-Секој оној за кој ќе се докаже дека постпаувал незаконски, одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, партиска или каква било друга припадност. ВМРО-ДПМНЕ е нервозна затоа што не може да го одбрани криминалот во сопствените редови, се вели во реакцијата од владејачката партија.

Инаку од  11 осомничени во овој случај, едно лице не е достапно за истражните органи.