Loading Video...
Македонија
1. July 2019 - 17:06

Македонија од денеска во жолта фаза - градежниците бараат да не се работи на отворено од 11 до 17 часот

Од денеска до среда топлотен бран со високи температури во Македонија. Целата држава ќе биде во жолта фаза, соопшти министерството за здравство. Од таму информираат дека зголемената влажност на воздухот ќе придонесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените.

Иако времето ќе биде пеколно ќе важат само општите препораки за заштита на населението. Нема да има мерки како што се ослободување од работни обврски на бремените жени, хронично болните и лицата постари од 60 години, кои важат за портокалова фаза.

Затоа од синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање до министерствата за здравство, труд и социјала и организацијата на работодавачи доставиле барања за превентивни мерки меѓу кои:

-Да не се изложуваат работниците да работат на сонце од 11 до 17 часот.

-Да им се обезбедат поголеми количини вода.

-Ранливите групи да бидат ослободени од работа и

-Во работните простории да има вентилација или климатизација.