Македонија
19. December 2019 - 16:43

ВМРО-ДПМНЕ поднесе измени на Законот за одбрана, но без промена на името на АРМ

Името на војската да не биде Армија на Република Северна Македонија, бара ВМРО ДПМНЕ која поднесе измени на Законот за одбрана.  Од опозициската партија тврдат дека предлогот е ист како оној на Владата, но без членот со кој што се предвидува менување на името на армијата. Пратеникот Емил Димитриев изјави дека опозицијата барала да се повлече тој член. Додека пак Власта ја обвинува ВМРО ДПМНЕ  за лицемерие и блокирање на законот за одбрана.

- Ние реалноста не ја игнорираме, но како опозиција сакаме таа реалност да ја промениме, рече пратеникот најавувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ доколку ја добие довербата на претстојните избори ќе се обиде да ја смени таа реалност. На седницата в понеделник треба да бидат ставени на дневен ред и измените на Законот за служба во армијата. – Не се става на дневен ред, не започнува собраниската процедура, иако беше најавен пред еден месец, рече пратеникот Емил Димитриев, од ВМРО ДПМНЕ.

- Со своето однесување ВМРО-ДПМНЕ го крши Уставот на државата и го става под ризик нашето членство во НАТО и создава ризик да испровоцира ново вето од Грција, обвини координаторот на пратеничката група на СДСМ. Лицемерно е, на Мицкоски и на пратениците да им пречи името Република Северна Македонија кога државата треба да стане 30. членка на НАТО, а да не им пречи кога во Европската народна партија се партија од Република Северна Македонија. , обвини Јован Митровски, координатор на пратеничката група на СДСМ

Инаку Владиниот предлог е веќе стигнат до собраниска седница. За негово изгласување потребно е двотретинско мнозинство, а опозициската ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да го гласа.