Спасовски бара разрешување на Мизрахи, Мицкоски повикува на разум
Дали Рашела Мизрахи таблата со Република Македонија ќе ја плати со својот мандат. Техничкиот премиер утрово доставил предлог до Собранието да ја разреши техничката министерката за труд и социјала.
Спасовски вели, со се може да правиме компромиси, но не и со Уставот.
-За се можеме да правиме компромис и да разговараме, но за почитување на Уставот и законите нема компромиси, истакна денеска техничкиот Премиер Оливер Спасовски.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ пак смета дека треба да се почитува политичкиот договор и да не се тера политичко сценарио со овој случај.
Неизвесно е дали предлогот за разрешување на Мизрахи ќе се најде на собраниска седница. Одлуката е во рацете на Џафери кој во преостанатите 4 дена покрај за ова треба да најде простор и за десетици други закони.
Барањето за разрешување следува откако техничката министерка за труд и социјала одржа неколку прес конференции пред таблата на која стои името Република Македонија, а не новото Уставно име на државата.
Мизрахи тврди дека таблата ја наследила, а друга во министерството немало, била подготвена да плати и казна ако треба. На истата не е испочитуван и законот за јазици.
За надминување на состојбата и унапредување на соработката техничката министерка денеска остварила средба со директорот на агенцијата за примена на јазиците.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
