Црна кампања или злоупотреба на прислушкуваните снимки - власта и опозицијата во нова битка со аудио снимки
Институциите да ги истражат бомбите за пратеникот Антонио Милошоски и да преземат соодветни мерки бара техничкиот премиер Оливер Спасовски. Синоќа беа објавени 5 разговори на пратеникот со поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски и други лица за предмет во кој е инволвиран неговиот татко. На снимките наводно се слуша како Милошоски вели дека добил информација за одлука во предметот која не е поволна.
- Повикувам институциите да истражат, истражните органи да работат ефикасно, да видат кои материјали се објавени, какви се и од каде се објавени и да преземат соодветни мерки. Нулта толеранција за оваа работа, вели техничкиот премиер Спасовски.
Спасовски вели дека ова се нови снимки, а не оние кои ги поседуваше СДСМ и кои беа предадени во Специјалното јавно обвинителство.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, контра техничкиот премиер. Вели дека снимките не се доказ за некаков криминал на пратеникот, туку доказ дека СДСМ и лидерот Зоран Заев не ги предале сите снимки во СЈО и предизборно ги користат за уценување и рекет.
Снимките за Милошоски стигнуваат по две недели откако пратеникот објави бомби за Заев и негова инволвираност во судството. Веднаш по синоќешната објава, Милошоски на Фејсбук најави нови снимки за лидерот на СДСМ.
- Укажувачите ќе стануваат се побројни и се посмели, а јас уште помотивиран и во служба на јавниот интерес. Ќе Ве отворам како пупка! Се слушаме наскоро, напиша тој.
Она во што се сложуваат и власта и опозцијата е дека сниките се дел од црната камапања во предизборието.
Бомбите не се единствен црн декор на камппањата. Пред неколку дена пак, беа палени политички билборди нарачака од ВМРО-ДПМНЕ на кои Заевббеше прикажан со Луј Витон чанта.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
