СДСМ вечерва на Конгрес на кандидатските листи, опозицијата очекува истрошени кадри
Владејачката СДСМ попладнево на Конгрес ќе ги утврди кандидатските листи за пратеници за изборите на 12 април откако викендов финализираа преговорите за заокружување на колаицијата СДСМ.Партијата веќе објави дека ќе се оди на принципот 50-50 родова застапеност, а листите ќе ги предводат тандем од маж и жена.
Засега потврдени се имињата на лидерот Зоран Заев како носител во 4-тата изборна единица и на Билал Касмаи во Шестката. Ноистел ќе биде и Радмила Шеќеринска, но не се открива во која изборна единица. Како носители се споменуваат и имињата на техничкиот премиер Оливер Спасовски и вицепремиерката Мила Царовска.
Заев на Фејсбук коментира дека на овој Конгрес ќе се носат важи одлуки, и тоа не само за иднината на САДСМ туку и за иднината на државата.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Конгресот на СДСМ ќе биде промоција на веќе истрошени кадри.
ВМРО-ДПМНЕ своите листи ќе ги утврдува утре, а јавно ќе ги промовира во среда. Засега од таму не се потврдува ниту едно име кое би било на пратеничките листи. Мицкоски вчера рече дека не би било чесно да се кандидира за пратеник бидејки претендира за премиерсо место.
Од СДСМ пак, возвраќаат пак, дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не сака да биде на пратеничка листа бидејќи ја нема поддршката од граѓаните.
Партиите имаат рок до четврток на полноќ да ги комплетираат листите и да ги пријават во ДИК.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
