Македонија
23. March 2020 - 14:22

Мицкоски: План за финансиска поддршка од 1 милјарада евра за справување со пандемиската криза

План за финансиска инјекција од една милјарда евра за справување на штетите во економијата од корна вирусот објави лидерот на вмро-дпмне Христијан Мицскоски. Освен 600-те милиони евра кои Владата веќе објави дека ќе ги обезбеди преку заеми од странски банки, ММФ и Светската банка, опозицискиот лидер бара и издавање на домашни хартии од вредност во висина од 400 милиони евра. Покритие за овие хартии од вредност би биле резервираните средства кои банките задолжително реба да ги имаат во Централната народна банка за одржување на нивната ликвидност.

Мицкоски бара веднаш да биде прекинато и  купувањето на удел во ГАМА ад Скопје со кои би се обезбедиле дополнителни 32 милини евра.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМЕ ги критикуваше мерките што вчера ги предложи претседателот на СДСМ. Вели дека Заев со ваквите мерки ќе предизвика крах на економскиот систем. Особено неприфатливо е  намалувањето на платите во јавната администрација на ниво на минимална плата од 14.500 денари.

ВМРО-ДПМНЕ останува и на своите барања за одложено плаќање на двто, потоа државата да плаќа 50 отсто од трошоците за плата на вработените, вклучително и половина од придонесите, да се прекинат времените вработувања во администрацијата, да се скратат непродуктивните трошоци.