Над 200 граѓани од југоистокот на државата се соочуваат со кривична одговорност поради непочитување на пропишаните мерки за време на вонредната состојба
Над 200 граѓани од југоистокот на државата се соочуваат со кривична одговорност поради непочитување на пропишаните мерки за време на вонредната состојба воведена поради пандемијата со корона вирисот. Од СВР Струмица информираат дека прекршување на мерките има во сите десет општини од овој дел на државата. Поголемиот дел од поднесените кривични пријави се однесуваат на граѓани кои ја прекршиле забраната за движење во време на полициски час, но има и такви кои не ја почитуваме мерката за изолација и самоизолација.
,, СВР Струмица до надлежното Јавно Обвинителство поднесени се вкупно 16 кривични пријави против 20 граѓани кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација и 186 кривични пријави против 211 граѓани кои ја прекршиле забраната за движење за време на полициски час, 2 известувања против 5 малолетни лица кои исто така ја прекршиле забраната за движење за време на полицискиот час и 2 барања за поведување прекршочна постапка против 5 родители за сторен прекршок по член 34 вв чл.14 од законот за прекршоци против јавниот ред и мир.., вели ХРИЗАНТЕМА РЕНДЕВСКА – ПОРТПАРОЛ НА СВР СТРУМИЦА
За дел од пријавените веќе има издадено и казнени налози. Од струмичкиот основен суд информираа дека од страна на основното јавно обвинителство само до нив има поднесено нови 66 предлози за издавање казнен налог за кривичното дело "Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија" По претходно поднесените предлози за издавање казнен налог за истото кривично дело, издадени се вкупно 10 казнени налози со парична казна од по 3.000 евра или во денарска противвредност од 184.500,00 денари. Против 6 од издадените казнени налози се поднесени приговори и по истите ќе се води редовна постапка. По еден предмет е водена редовна постапка и е изречена парична казна. По три предмета, постапката е во тек.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
