Скратени часови во основно и во средно - дали е можно учениците да се придржуваат кон 30-тина протоколи?
Еден час во основно да биде 30, а во средно 35 минути. Комисијата за заразни болести предлага кратење на часовите за по 10 минути. За ова конечната одлука треба да ја донесе Владата и да следуваат законски измени.
- Сега часовите согласно законот се 45 минути за средно и 40 минути за основно. Комисијата предложи кратење на часовите за по 10 минути. Но за ова се потребни законски измени во собрание, изјави д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје и член ан Комисијата за заразни болести.
По вчерашната објава и бројните реакции за протоколите за основните и средните училишта за реализација на наставата со физичко присуство доктор Исјановски кој е член на Комисијата за заразни болести вели дека ова се најдобрите опции. Најголема полемика има околу маските и мерењето температура на децата пред да заминат на училиште.
-Ние како членови на Комисијата не можеме да ги задоволиме сите страни, но сметам дека ова се најдобрите опции, додаде д-р Исјановски.
-Очекувате ли примена, односно почитување на протоколите за да се заштити здравјето на децата конкретно оние од 1 до 3 одделение кои од 1 октомври ќе седнат во училишните клупи?
-Јас како доктор и како родител ќе го пуштам моето дете кое е второоделение на училиште со физичко присуство.
Во случај пред 1 октомври да дојде до драстично зголемување на бројот на заболени со Ковид-19, здравствените власти се со став училиштата да останат затворени.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
