Македонија
2. September 2020 - 21:22

Собраниските седници ќе се одвиваат преку видео-конференциска врска!? Кои се причините?

Пратеници во домашен амбиент кои со едно копче ќе се пријавуваат за збор. Собранискиот спикер Талат Џафери ќе биде тој кој од дома ќе ги води собраниските седници и ќе го одобрува преку копче барањето за збор. Гласањето за и против за секој народен избраник веднаш ќе се евидентира на тв примениците преку собранискиот канал. Можно ли е за месец до два од сега да се соочиме со конференциска собраниска седница преку интернет поради корона вирусот?

Можноста за електорнски седници и официјално ја најави собранискиот спикер вчера на средбата со британската амбасадорка Галовеј.

-„Соочени со предизвиците од пандемијата со Ковид-19, сите заедно ќе треба консензуално да изградат деловничка основа за можност за работа на Собранието од далечина, особено за гласање од далечина, бидејќи неизвесноста со пандемијата во претстојниот есенски и зимски период е голема и ќе изискува ставање во располагање на сите капацитети за справување со овие ризици, “, посочил Џафери пред амбасадорката.

Информациите на Сител се дека Собранието се уште ја нема целосната техничка подготовка за вакво нешто. Ќе биде потребен посебен софтвер за дебата кој ќе биде инсталиран во компјутерот на секој пратеник. 

Но дури Собранието и технички да се подготви што ова ќе значи за самата парламентарна дебата?

Дигитализацијата и сосотојбата со корнавирусот електронските парламентарни седници  ги прават неопходни. Ваков став уште минатата недела промовираше Дамјан Манчевски од СДСМ.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, ваквиот начин на дебата всушност е повеќе политичка одлука на власта поради тенкото мнозинство. Досега воопшто не биле консултирани за идејата.

Од таму велат и дебата во живо има сосема поинакво значење.

Параламентите низ светот веќе почнаа делумно да практикуваат дигитални седници. Впрочем, шпанскиот Сенат во март преку ваква седница го ратификуваше протоколот на Македонија за членство во НАТО.