Лекарите контра Комисијата - децата седат дома а болните се враќаат на работа
Да се направи јасна разлика и да има конкретни критериуми кои хронично болни и лица со малигни заболувања да се вратат на работа, сметаат здруженија на пациенти. По ваквата предлог одлука на Комисијата за заразни болести организациите кои ги застапуваат болните најавија дека утре заедничките барања ќе ги достават до министерот за здравство. И од Сојузот на здруженија на дијабетичари и од Борка се согласни дека дел од нивните членови кои немаат висок ризик за инфекција со коронавирус можат да се вратат на работните места, но од друга страна велат дека има пациенти кои не смеат ниту од дома да излезат за да не се заразат. Инсистираат здравствените власти да дадат попрецизно објаснување за одлуката.
-Особено лицата кои видливо се движат и се тип 1 инсулин зависни и има развиено било каков коморбидитет тие лицфа не треба да одат на работа, изјави за Сител Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.
-Треба да има посебни патеки на одлучување согласно состојбата на пациентите, не сите пациенти со хреонични заболувања се со висок ризик и треба да има конкретни критериуми, изјави Биба Додева, претседател на Борка, здружение на пациенти со малигни заболувања.
Комисијата за заразни болести и предлага на Владата хронично болните да се вратат на работа освен оние кои ќе приложат извештајк од специјалист дека имаат влошување на состојбата поради болеста, а од друга страна породилното да се продолжи до Нова година. За доктор Нико Беќаровски од токсикологија ваквата одлука е чудна.
-Ако треба да се направи брза проценка за секој од нив егзацербиран или не системот ќе биде пренатрупан од барања. Од друга страна малку е чудна одлуката кога градинките се отвораат породилното да се продолжи, а во исто време највунерабилната група која изминатите месеци правевме напори да ги заштитиме да ги пуштиме во работниот фронт. Тука се поставува и трето прашање за училиштата, целата борба беше децата да не го донесат вирусот дома , ако сега заболените ги пуштиме на работа, се поставува прашањето зошто децата седат дома, изјави за Сител д-р Нико Беќаровски, од Клиниката за токсикологија.
Од друга страна доктор Беќаровски смета дека има и револт во некои организации и компании поради злоупотребување на мерката и предлага сите кои на било каков начин ќе обезбедат потврда од специјалист нека седат дома, аама да земаат 70 проценти од платата.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
