Македонија
7. October 2020 - 21:26

На што се должи рекордниот број, 317 новозаразени од Ковид-19?

Забави, свадби и други семејни веселби, дружење и групирање на младите без одржување на физичко растојание. Ова според членови на Комисијата за заразни болести се главните причини за рекордниот број 317 новозаразени со коронавирус изминатото денонокие во Македонија. Анализите покажуваат дека последниот период цели фамилии биле позитивни ан Ковид-19.

-Зголемениот број на нови случаи се должи пред се на групирањето на младите, на помладата генерација на непочитувањето на мерките и пред се дистанцата, изјави за Сител д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом-Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

Причините за зголемениот број случаи ќе се разгледуваат на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести, потврди за Сител министерот за здравство Венко Филипче. Не се исклучува можноста лекарите по примерот на повеќе држави да предложат до Владата поригорозни мерки како што се намалување на работното време на угостителските објекти и рестрикции во јавниот превоз.

-Не само кај анс и во нашето соседство и во Европа доаѓа до многу зголемен број на новозаразени како што и се претпоставуваше. Веќе во Западна Европа , бистроата и локалите почнувајќи од Франција денеска и во Србија го намалуваат работното време и сите други соседи. Се надевам дека овие мерки и ние ќе ги преземеме во иднина, рече д-р Исјановски.

Инаку најалармантна е состојбата во главниот град каде со рекордните 182, бројот на активни случаи со Ковид-19 се искачи е 1166, а пред само 10 дена имаше двојно помалку заболени.