Дијабетичарите со месеци мака мачат да најдат инсулин
Недостигот на одредени инсулини ги испаничи дијабетичарите. Од сојузот на здруженија на овие пациенти велат дека некои нивни членови повеќе од 2 месеци останале без неопходната терапија и морале меѓу себе да си помагаат со размена на резервите.
-Јас како инсулин зависно лице не го очекував тоа. Не е тоа терапија која може да се смени во аптека. Ако немаме инсулин не јадеме и можеме да западнеме во кома, ако пак премногу јадеме може да се јават компликации и други сериозни болести, изјави Димче Велев, претседател на на Сојузот на здруженија на дијабетичари.
Од минситерството за здравство одговорија дека временскиот застој во испораката на последната порачка е поради зголемена побарувачка на досегашната предвидена залиха за потрошувачите, на месечно ниво.
Еден тип инсулин денес бил достапен во аптеките кадешто граѓаните го набавуваа и досега, а во д понеделник ќе бил дистрибуиран и друг тип, велат од МЗ.
Здруженијата на дијабетичари апелираат за време на пандемијата со Ковид државата да не ги доведува во ситуација да молат за терапија од која им зависи животот.
-Од една страна ги повикуваме лицата со дијабет да одат на работа, а од друга страна немаат терапија. Сериозни се последиците да оставите лице без инсулин и без информација што ќе се случува, рече Велев.
Во Македонија повеќе од 46.000 лица се зависни од инсулин.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
