Контролите се засилуваат, бројките се намалуваат
Продолжува прекршувањето на мерките за справување со коронавирусот. Ноќеска околу полноќ полицијата растурила забава со 100-тина луѓе во угостителски објект на патот Тетово – Желино. Меѓу присутните биле затекнати 17 странски државјанки од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Молдавија, соопшти МВР. Во локалот биле пронајдени дрога и пари. Две лица се приведени, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава. Барот е пломбиран од страна на Државниот пазарен инспекторат и има забрана за работа од 30 дена. Минатата недела полицијата растури и приватни журки во стан и викендица во Скопје.
И МВР и ДПИ најавуваат засилени контроли за почитување на мерките пред и за време на новогодишните празници.
Во меѓувреме статистиката на ИЈЗ укажува на намалување за 26,5 проценти на бројот на новозаразени со корона минатата недела, но направени се речиси 16 проценти помалку тестови во споредба со претходните 7 дена.
Паднат е и процентот на позитивни од тестирани и изнесува 25,7 отсто.
За истиот период регистрирани се 129 смртни случаи од компликации од вирусот, 30 помалку од претходната недела.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
