Има ли залиха од крвна плазма за лекување од Ковид-19, во колку случаи досега е користена?
Околу 650 пациенти со Ковид во Македонија досега биле третирани со ковалесцентна плазма. Од Институтот за трансфузиона медицина велат дека според искуството на клиничарите овој начин на третман давал резултати и ја подобрувал клиничката слика кај болните. Препораките е плазмата да се дава во почетната фаза на болеста.
-Кога клиничарите забележуваат дека доаѓа до рапидно влошување на клиничката состојба на пациентот најдобро е во тие моменти да се дава ковалесцентна фаза, но не и кај пациенти кои се со тешка клиничка слика и се на респиратор, односно механичка вентилација, изјави д-р Садула Усеини, директор на Институтот за трансфузиона медицина.
На трасфузија досега ковалесцентна плазма дарувале 713 оздравени пациенти од Ковид, а располагаат со повеќе од 100 резервни единици од сите крвни групи. Интересот за хуманост бил многу голем, но само 20 проценти од испитаните имале доволно антитела.
-Анализите на почетокот покажаа дека од лицата кои сакаат да даруваат ковалесцентна плазма околу 20 проценти имаат доволна концентрација на антитела за да бидат донори, истата бројка и понатаму продолжува, рече д-р Усеини.
Донори на ковалесцентна плазма можат да бидат оздравени од Ковид од 18 до 60 години, да поминале 28 дена од последниот симптом, но повторно треба да им се направи ПЦР и испитувања дали доволно антитела.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
