Македонија
3. February 2021 - 19:44

Фризерници и козметички салони не почитувале ковид протоколи

Угостителски објекти, автобуски превозници, салони за убавина и понатаму ги прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот, констатирал Инспекцискиот совет.

Вработени во козметички салони и студиа за тетовирање не носеле маски, а внатре имало повеќе луѓе од предвидените во протоколите. Во 15 вакви објекти минатата недела ДСЗИ констатирале неправилности. На сите им се изречени прекршочни пријави. За случајот со нефрологија каде за кратко време имаше 30-тина заразени медицински лица инспекторите не утврдиле неправилности.

- ДСЗИ има комплетно постапено во овој случај во однос на своите ингеренции на Клиниката за нефрологија, според записниците на Комисијата за интерхосптални инфекции ДСЗИ, нема забелеши,изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

Минатата недела пазарниот инспекторат затворил 5 угостителски објекти.

- Два во Охрид и по еден во Гостивар, Тетово и Битола. Работеле по дозволеното време или имале повеќе од четворица гости на маса, изјави Магдалена Филиповска Грашкоска, директор на Инспекцискиот совет.

И покрај барањата, на угостителите не им беше дозволено да работат после 21 часот.