ЛК: Само судско вештачење може да утврди лекарска грешка
Само со судско вештачење може да се утврди дали има лекарска грешка во случајот со родилката од Дебар која остана без три органи по породувањето во струшката болница. До целосно расчистување на овој случај Комората одлучи да го стави во мирување членството во Извршниот одбор на гинекологот и директор на болницата во Струга Мухамед Асани кој ја породил Јилдиз Веапоска. Присутните на денешниот прес не го виделе извештајот од стручниот надзор и не го коментираа, а имињата на лекарите кои учествувале во истиот остануваат тајна.
-Поради притисоци од семејството пациентите и колегите, имињата на членовите на Комисијата се загарантирано безбедни, изјави проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на Лекарската комора.
-Крајното решение ќе го каже министерот, изјави д-р Илбер Бесими, заменик претседател на Лекарската комора.
Министерот за здравство рече дека идната недела ќе заземат став.
За конкретниот случај во обвинителството има два предмети кои се во предистражна постапка.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
