Разрешен директорот на струшката болница
Разрешен директорот на струшката болница. Два месеци откако медицинската сестра Јилдиз Веапоска јавно проговори дека после царскиот рез летото останала без три органи, министерот за здравство донесе одлука гинекологот Мухамед Асани кој го извршил породувањето повеќе да не раководи со здравствената установа во Струга. Дополнително ДСЗИ кај него дома најде и гинеколошка ординација. За случајот со родилката од Дебар која живее без бубрег, матка и јајник откако на барање на Министерството за здравство стручната Комисија при Лекарската комора не најде пропусти при третманот на пациентката, Филипче формирање нова Комисија која повторно ќе анализира дали органите на Веапоска и биле извадени по грешка.
- Онаа првата Комисија исто така беше формирана на барање на МЗ, но тогаш преку Лекарската комора, но со оглед на неколку интервенции и барања коишто ги имаше прво од семејството на родилката, понатаму од неколку институции, како на пример Хелсиншкиот комитет за човекови права, донесов одлука да се формира уште една комисија, која што ќе ја водат директорите на Клиниките на урологија, КАРИЛ, гинекологија, директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат и коишто ќе треба да направат анализа на случајот, изјави министерот Венко Филипче.
Со подршка за родилката Веапоска со исистирања за темелни истраги и одговор на клучното прашање што го предизвикало крварењето кај жената и дали морало да и бидат извадени 3 органи побараа бројни граѓански организации.
За овој овој случај во обвинителството отвори два предмети кои засега се во предистражна постапка.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
