Притисокот врз болниците расте, првата поголема пратка вакцини пристига утре
Агенцијата за лекови даде дозвола за увоз на вакцината Астра Зенека. По пристигнувањето на 24.000 дози утре наутро на скопскиот аеродром преку Ковакс системот од МАЛМЕД велат дека веднаш ќе ја почнат постапката за пуштање во промет. За разлика од руската Спутник В неопходната процедура за оксфордската вакцина од МАЛМЕД најавуваат дека ќе ја завршат побргу бидејќи Астра Зенека е одобрена од Европската Агенција за лекови.
Според здравствените власти најдоцна во среда треба да почне имунизацијата на граѓаните, но доколку се среди документацијата во понеделник, не е искучена можноста аплицирањето да стартува во вторник.
Додека се чекаат вакцините се повеќе се полнат болничките кревети. Во моментот хоспитализирани се 1500 пациенти со Ковид. Нај алармантна е состојбата во главниот град каде веќе неколку денови има повеќе приеми на нови пациенти отколку испишувања на оздравени.
Последното денонокие само во скопските клиники и болници згрижени се 66 граѓани поради компликации од вирусот, а на домашно лекување биле пуштени 50 пациенти. Има само толку слободни кревети.
На денешната координација во министерството за здравство со директорите на Ковид Центрите било констатирано состојбата е алармантна, а Здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик до сега
-Вработените во болниците дават натчовечки напори за да ги згрижат сите пациенти. Здравствениот систем го работи она што никогаш не го работел до сега, соочен со напливот на пациенти со тешка клиничка слика, болни кои имаат потреба од лекарска помош чиј број од час во час се зголемува, информираа од министерството
Од каде уште еднаш апелираа граѓаните да бидат одговорни овој период, да не се групираат - посебно младите и да ги почитуваат мерките за носење маска и физичка дистанца.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
