Над 18.000 граѓани до сега примиле вакцина
Ниту Брисел не соопштува конкретен датум кога земјава ќе ги добие првите количини вакцини против Ковид-19 од помошта на ЕУ за Западен Балкан. Преку овој механизам Македонија очекува 100.000 дози. Освен датумот, за сега не е познато ниту од кој производител се.
-За вакцините кои директно се обезбедени од Европската унија ние работиме напорно, но конкретен датум не можам да кажам, изјави Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во земјава.
Премиерот Заев вчера во најавата за 300.000-те илјади вакцини до крајот на април, спомена дека од ЕУ во првата пратка ќе добиеме околу 25.000 дози, ниту тој не прецизираше кога ќе стигнат.
Досега во земјава вакцина против Ковид примиле околу 18.200 лица, повеќето здравствени работници.
Дневно во Агенцијата за лекови имале две до три пријави за очекувани реакции после имунизацијата. Од МАЛМЕД велат дека најчесто се работело за болка на местото на апликацијата, а во ретки случаи и покачена температура од сите 3 типови вакцини Фајзер, АстраЗенека и Спутник кои се користат во земјава.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
