Штип ќе ја конзервира Саат кулата
После скоро 8 децении препознатливиот белег на Штип, Саат кулата ќе се конзервира и ќе се стави во функција. Штипската саат кула е изградена во 17 век, како бегова куќа и стражарница, а во втората половина на 19 век во неа е вграден механизам за часовник, кој е поврзан со камбаната.
- Ќе се изградат внатрешните скали и ќе проработи механизмот, односно саатот на Саат кулата, со што верувам дека сите граѓани од градот ќе бидат задоволни, бидејќи, еден културен споменик, еден споменик кој е препознатлив во градот конечно ќе проработи после долги многу години –изјави Митко Штерјов, директор на завод-музеј Штип
Освен реставрација на Саат кулата, регионалниот проект предвидува и осветлување, оградување и поставување на туристичка сигнализација во археолошкиот локалитет „Баргала“, во општина Карбинци.
- Вкупната вредност на овој заеднички проект изнесува повеќе од 11 милиони денари, а самата реставрација на Саат кулата ќе чни 5, 6 милиони денари- изјави Сашко Николов градоначалник на Штип
Средствата се обезбедени преку Центарот за развој на источно плански регион од Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа. На територијата на општина Штип има над 15 споменици на културата кои чекаат на реставрација, како што се тврдината „Исар“, црквите Свети Илија и Свети Спас и традиционалните градски куќи во Ново Село.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар