Се одржаа републичките детски средби
Преку 170 ликовни творби на тема цвеќе изработени од ученици од основните училишта годинава беа дел од 31 то издание на републичките детски средби. За разлика од минатите три децении кога на манифестацијата учествуваа деца од цела држава годинава поради пандемијата учесници беа само основците од струмичкиот регион кои испраија свои дела по распишаниот конкурс. Моменталната состојба со корона вирусот беше причина организаторите да го одложат и традиционалниот дел кој предвидува физичко присуство на децата, цртање во природа и аранжирање цвеќе. Доколку епидемиолошката слика биде стабилна , а мерките го дозволат тоа овој сегмент од манифестацијата че се одржи во септември со присуство на деца од целата држава.
,, Вториот и третиот дел од оваа манифестација ,, Републички детски средби,, се одлучивме да се одвиваат во месец септември, надевајќи се на физичко присуство на учениците во училиштата каде што ќе можат да дојдат и да цртаме на отворено бидејќи тоа го правиме секоја година. Цртаме со сув пастел на хамер и децата цртаат директно тука и тогаш се гледа нивната вистинска дарба бидејќи таму не може да замеша прст менторот или родителот, туку децата во групи од три до пет цртаат сами, а потоа аранжираат свежо цвеќе.,, вели Светлана Мазгалоска Вучетиќ - Дом за деца и млади Благој Мучето - Струмица.
Поради високиот квалитет на делата кои основците годинава ги испратиле наместо предвидените три беа доделени 12 награди. Републичката средба годинава се одржува во рамки на манифестацијата Струмица град на културата.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар