Loading Video...
Балкан
8. July 2021 - 12:28

Судир на глисер и гумен чамец во Јадранското Море, повредени повеќе лица

9 лица се повредени во судир на две пловила на Јадранското Море.

Глисер и гумен чамец се судриле кај теснецот Сплитска врата. Од вкупно 16 лица кои се превезувале, 9 се повредени од кои еден е со потешки последици.

Хрватските медиуми пренесуваат дека на ноќното пловење со чамец повеќето биле странски државјани.