Дојран очекува 100.000 ноќевања оваа сезона
Дојран почна да се полни со туристи. Првите гости веќе се сместија на крајбрежјето од најтоплиот туристички центар во државата. Отворањето на границата од грчка страна повторно ги врати и таканаречените транзит туристи кои на пат кон Грција задолжително застануваат и во Дојран. Вообичаено најбројни се српските државјани. Велат им се допаѓа Дојран и затоа никогаш не го одминуваат.
Туристите од Македонија Дојран го бираат поради пријатната клима и топлата езерска вода.
Според проценките ова лето во Дојран треба да бидат реализирани над 100.000 ноќевања. Сезонава, Туристите на располагање имаат вкупно девет плажи кои се комплетно уредени. Од локалната самоуправа најавуваат и голем број културни содржини и неколку фестивали. Уредена е парковска површина од околу 36 000 метри квадратни и изградени пристапни патеки до реконструираните културно историски споменици саат кула и турска бања. За безбедно лето, во текот на целата сезона ќе се реализираат и едукативни кампањи со цел подигање на свеста за заштита од Ковид 19 и заштита на личното и колективното здравје.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар