Земјоделците од кочанско бараат други начини за отстранување на сламата од нивите, наместо палење на стрништата
Нов бран пожари му се заканува на кочанскиот регион по завршување на оризовата жетва. До сега никој не успеа да најде соодветно решение за правилно отстранување на сламата од нивите. Оризарите велат дека поради конфигурацијата на теренот, на некои места тоа практично е невозможно и единствен начин е со палење на стрништата.
-Оризовата слама е специфична, таа на се распаѓа. Ако не ја тргнеме од нивите, оризот нема да никне, изјави Јорданчо Лефков, жител на с. Спанчево.
-Теренот е толку мокар што никогаш не се суши. Може да се исуши некоја нива до патот, што ќе се исцеди, а другите внатре се со кал до април и мај, изјави Здравко Донев, оризопроизводител од с. Спанчево.
-Брегалница е на ниво на нашето поле и секогашп е влажно. Во Мојанци пробаа со балирачка да се балира сламата и тоа е во ред, ама кај нас ништо не може да влезе, изјави Лефков.
-Тука се знае, само со гасеници и како ќе влезе со балирачка да ја балира и да ја изнесе сламата, додаде Донев.
Опожарените стрништа се потенцијална опасност за останатите засеани култури и за населените места, а имаат и големо влијание врз аеоро загадувањето во целата котлина. Еко активистите сметаат дека казните до сега не дадоа никаков резултат, а потпалувачите не беа пронајдени.
-Ако инсистираме на казни, а не им дадеме алтернатива, тоа е репресија. Значи мораме да најдеме некаков начин кој ќе биде прифатлив за сите, изјави Зоран Тодоров, Здрав Живот - Кочани.
Едно од можните решенија за влажните површини е прскање на сламата со азот, со што ќе се зголеми и бонитетот на почвата или вградување на посебни апарати во комбајните за сецкање и ситнење на сламата.
Инаку, синоќа, по успешно завршената мисија, словенечките и австриските пожарникари си заминаа од Малешевијата, а мештаните им се заблагодарија со голем аплауз и музика на градскиот блех оркестар.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар