Зошто бројот на починати од ковид во земјава е толку висок?
За само 3 дена 62 лица ја загубија битката со коронавирусот. Статистиката покажува дека за не цели 3 недели од 6 август до неделата во земјава од компликации од Ковид починале 187 граѓани.
Зошто е толку висока смртноста во Македонија, од министерството за здарасвтво го добивме следниот одговор.
-Во одредени случаи, пациентите многу покасно се јавуваат на лекар, односно бараат лекарска помош откако ќе им се влоши здравствената состојба и така не е само кај нас туку насекаде во светот. Втора причина за смртноста на пациентите со ковид е бидејќи истите имаат многу коморбидни состојби, велат од МЗ.
Директорката на Инфективна вели дека сите починати на Клиниката имале тешки болести од претходно и ниту еден не бил вакциниран.
-Пациентите кои се починати кај нас ниту еден не е вакциниран, а сите се со тешки болести од претходно, изјави д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиниката за инфективни болести.
Во моментот на Инфективна и во модуларната до неа хоспитализирани се 160 пациенти, а последното деноноќие лекарите имале 100 амбулантски прегледи. Некои доаѓале веднаш по добиениот позитивен тест без симптоми поради паника, други пак со многу тешка состојба и по десетина дена лекување дома вели д-р Стевановиќ која апелираше на рационално однесување од страна на граѓаните. За разлика од претходните бранови сега доминирале помлади кај кои вирусот предизвикал сериозно тешка клиничка слика.
-Најразорен и најмоќен вирус досега пред се кај помладите кај кои не бележиме или не знаеме дека постојат коморбидитети, рече д-р Стевановиќ.
Според искуството на лекарите од Клиниката вакцинираните имале полесна клиничка слика, но бидејќи се работело за повозрасни пациенти со многу заболувања затоа и ги хоспитализирале.
Инаку по денешниот состанок на угостителите со Комисијата за заразни болести нема промена на мерките. Не се прифатени нивните барања во објектите да може да се седи и со негативен ПЦР или прележани до пред 6 месеци наместо 45 дена.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
